Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски имаше вклучување во емисијата „Утрински брифинг“ каде што посочи дека оваа власт на СДСМ не може да го промени она што е македонско. Документот од Бугарија што излезе во јавноста наиде на жестока критика од јавноста.

Мисајловски додаде дека не треба да остане во договорот граѓаните на државата. Ние сакаме македонскиот јазик да влезе таму, и затоа тие неколку работи не беа договорени во тој период. Мисајловски потенцира дека тој е личен сведок како на тие средби се бореа макотрпно да остане сето тоа, но за жал брзоплетоста на оваа власт покажа како тие го прифатија тој договор.

„И затоа овие работи сега се случуваат. Бидејќи Бугарија си ги штити своите интереси, но од друга страна некои понижувања Македонија не треба да ги премолчи или да поминат тукутака. Не смееме така. За вакви прашања мора да имаме сите заедно како политички партии цврст став дека македонскиот јазик и македонската нација не може никој да ги смени. И не смее никој во внатрешните работи да ни се меша“, заклучи Мисајловски.

Мисајловски образложи дека првото прашање е зошто Владата го крие овој документ, и што значи овој документ.

„Освен здравствена криза, мора да признаеме дека државата влага во голема економска криза. Фалат пари во Буџетот, имаме голема дупка, како да се обезбедат средства. Ние како партија повикувавме многу пати да се обезбедат и кредити, да се земат што е можно побргу. Но за жал власта не послуша и не се случи“, појасни Мисајловски.

Мисајловски се осврна и на милионите потрошени од страна на власта за вработување на партиски кадри по локалните самоуправи во време на вонредна состојба.

„Власта треба многу подобро да ги постави работите и да не се прават само политички поени. Владата секој ден излегува на 2-3 прес конференции каде што кажува какви мерки се носат, што треба да се крати од сите институции, а од друга страна имаме привремени вработувања од пола милион евра во Бутел, во Гази Баба и да не ги набројувам“, појасни Мисајловски.