Владата на Македонија смета дека поведената постапка на Уставниот суд за поништување на Уредбата за намалување на платите на 2.060 функционери, пратеници, судии, обвинители и директори на минимална плата од 14.500 денари за април и мај, директно штети на солидарноста во нашата земја.
Со оваа одлука, потенцираат од Владата, Уставниот суд директно спречува обезбедување околу 240 милиони денари во Буџетот на РСМ за мерки за справување со КОВИД-19.
Владата, како што се наведува во соопштението, изразува разочарување од ваквата скандалозна одлука која ја загрозува борбата со коронавирусот.