Десетина врвни американски научници и група милијардери тврдат дека имаат решение за пандемијата на новиот коронавирус и пронашле врата, преку која можат да го реализираат планот во Белата куќа.
Групата вклучува хемичари и биолози, имунобиолог, невробиолог, хронобиолог, онколог, гастроентеролог, епидемиолог и нуклеарен научник, објави Волстрит џурнал.
Тие се нарекуваат „Научници за запирање Ковид-19“. Својата работа ја опишуваат како проектот „Менхетен“, друштво за истражување и развој за време на Втората светска војна кое го произведе првото нуклеарно оружје.
Овојпат, научниците развиваат сопствени решенија, собирајќи идеи од целиот свет. Научниците подготвија доверлив документ од 17 страници.
Една од главните идеји е пациентите да се лекуваат со силни лекарства, што се користеле за лекување на еболата, но во поглема доза. Тимот го отфрли хидроксихлорохинот што се користеше за лекување маларија и само се споменува во извештајот.
Научниците исто така не ги разгледуваат тестовите за антитела, што им овозможуваат на луѓето да се вратат на работа, ако резултатите покажат дека се негативни на новиот коронавирус.
Тимот препорачува да се пробаат различни лекови, чија ефикасност се уште не е докажана и да се намали времето за клинички преглед на нови лекови на еднаш неделно, наместо на девет месеци или една година.
Во центарот на проектот е биологот Мајкл Розбаш, добитник на Нобеловата награда во 2017 година, кој истакна: „Нема сомнение дека сум најмалку квалификуван“. Никој во групата не работи за пари. Тие признаваат дека можат да не успеат, но ако успеат, можат да го променат светот.