Додека рестораните низ целиот свет се обидуваат да најдат деловни модели соодветни на епидемиолошката состојба, двојка во Шведска отвора ресторан за еден гостин – среде поле.

На 10 мај, Линда Карлсон и Расмус Персон планираат да отворат Борд фар Ен (маса за еден) на ливада во близина на Ранстер. Ќе служат само еден клиент дневно.

Парот дошол на идејата откако ги посетиле родителите на Линда и биле служени на далечина. Персон, поранешен готвач, зготвил ручек и го служел низ прозорецот на куќата каде живеат неговата девојка и нејзините родители. Тогаш им дојде идеја. „ Треба тоа да го направиме за секого“, рече Карлсон за Инсајдер.

„Ќе биде единствениот бесплатен „ковид-19“ресторан во светот“, додаде таа. Подоцна истиот ден, тие направиле веб-страница. Нивниот ресторан ќе има една маса со стол среде полето.

Менито ќе се менува сезонски и ќе биде погодно за вегетаријанци. Секој оброк ќе се состои од три дела и ќе биде комбиниран со коктел од наградуваниот шведски шанкер Џоел Шедербек.

Исто така, ќе се спроведат сериозни санитарни мерки за да се обезбеди безбедноста на нивните гости – чиниите и приборот за јадење ќе се мијат двапати помеѓу секоја употреба, а делот за јадење, исто така, ќе биде темелно дезинфициран по секој гостин.

Која ќе биде цената? Колку што ќе одучи гостинот. „Сите ние се соочуваме со тешки периоди и има луѓе кои ги загубија своите работни места, најблиските, па дури и нивните умови. Сите се добредојдени, без оглед на финансиската состојба“, рече Карлсон.

Карлсон и Персон планираат да го отворат бизнисот до 1 август.