Францускиот претседател Емануел Макрон сака европските првенства во фудбал да не продолжат по примерот на Франција, објави „Ле Паризиен“.

Макрон очекува дека заедничка одлука за ова прашање ќе дојде барем во останатите четири најдобри лиги: Англија, Шпанија, Италија и Германија.

Во таа насока, министерката за спорт на Франција, Роксана Марасињану иницираше билатерални преговори со колегите од другите европски земји. Таа веќе разговараше со министрите на Италија и Германија, а исто така мора да преговара и со шпанскиот министер.

Според некои извори, Макрон лично се обидел да ги убеди властите на другите држави за потребата за ран крај на сезоната, но овие информации беа негирани од придружба на претседателот.