Изјавите на Заев и СДСМ се неодговорни и со цел за евтини политички поени, истакна министерот за внатрешни работи Наќе Чулев по нападите врз него од Зоран Заев и СДСМ во врска со струмичкиот случај каде 11 лица со пакети захрана беа најдени во магацин за време на полицискиот час.

-Мислам дека се работи за крајно неодговорна пред се политичка изјава во насока на добивање на поени и јас ви потврдувам во суштина МВР постапуваше само по она што значи редовни и стандардни полициски процедури, во смисла на контрола на ограничување на движењето со цел расчистување на сите дилеми околу настанот денес МВР даде согласност за спроведување на внатрешна контрола со цел утврдување на било какви нерегуларности во однос на постапувањето на полициските службеници а поврзани со конкретниот случај, објасни Чулев.