Александар НИКОЛОСКИ

Денес на цела македонска јавност и стана јасно дека Зоран Заев и неговото семејство делат поткуп! Во услови на најтешка здравствена и економска криза тие нечовечки се обидуваат за неколку прехранбени производи да купат луѓе, да го купат нивниот глас на следните избори затоа што само на тоа мислат, обвинува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Само на избори! На ништо друго. Денес на цела Македонија и се потврди тоа што Струмица долго време го знае дека Заев победуваше за градоначалник не на чесни туку на наместени избори во кои тој купуваше масовно гласови. Тоа го видовме и од материјалите објавени во италијанскиот весник “Ла верита” каде тој, брат му и другите од семејството купуваат гласови. Тоа се спремаат да го направат и на следните избори и затоа денес паниката и нервозата им е огромна зашто знаат дека се живи фатени.

Додека изигрува добротвор, а за да демантира дека ова што го велам не е така барам да одговори на следиве прашања, кои ги поставив уште на 7-ми Април ама до денес не даде одговор:

1. Колку вкупно т.н. помош има поделено со точни количини на сите продукти кои се поделени?

2. Дали може да покаже фактури дека тие производи се платени? Или истите се обезбедени со рекет од фирмите производители и дистрибутери?

3. Да докаже потекло на парите со кои се платени ако се платени?

4. По кој критериум се поделени производите, зашто на едни граѓани се делени, а на други не?

5. Дали донациите се пријавени?

Бонус прашање за денес – ако е се во ред зашто брат му Вице урлал во полициска станица во Струмица вчера и се заканувал од позиција на сила на полициските службеници?

Зоран Заев треба да знае дека на луѓето не им треба помош од неколку производи кои брзо ќе ги потрошат, им треба работа и правда! Работа за сами да си заработат, а не да чекаат помош, правда за да не можат Заев и семејството да прават што сакаат по Македонија. На избори многу јасно цел народ а особено овие угнетени и понижени луѓе на кои Заев им го уништува и достоинството покрај што ги покраде ќе бидат тивкото мнозинство што ќе го испрати во политичка пензија, а Македонија ќе ја однесе кон подобри денови, пишува Николоски.