Три земјотреси, најсилниот со страшни 6,6 степени во близина на Крит

/ 02.05.2020

Три силни земјотреси во рок од еден час се случија во морето во близина на островот Крит. Првиот земјотрес бил со јачина од 6,6 степени и ја погодил морската област во близина на островот Крит, а по 45 минути се случил уште еден, малку послаб, со јачина од 5,2 степена. Малку подоцна бил регистриран и трет потрес, овој пат најдалеку од брегот и најслаб, околу 4,6 степени по Рихтер.

Засега не се пријавени никакви штети или жртви. Исто така, нема знаци за предупредување за цунами.

Според грчките медиуми, земјотресот бил почувствуван низ целиот Крит. ЕМСЦ известува дека потресот бил почувствуван и во делови од Македонија, Албанија, па дури и во Израел.

Грција се наоѓа во многу активна сеизмолошка област и доживува над сто земјотреси на годишно ниво.


Од истата категорија