Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, се врати во Торино со приватен авион.
Португалецот ќе треба да помине две недели во самоизолација, по што ќе може да продолжи со тренинзите со тимот.
Претходно беше објавено дека фудбалерот летал кон Италија преку Мадрид, но во главниот град на Шпанија не му била дадена дозвола да лета понатаму, поради што пристигнувањето во Италија доцнело.
Роналдо помина подолго време во родната Португалија со семејството за време на пандемијата на коронавирус.
Се претпоставува дека тимските тренинзи на клубовите во Серија А ќе продолжат на 18 мај.