Вест која кај нас не ни беше забележана:
Во Тирана, оваа година, не за прв пат, беше организирано „Коледе по бугарски“ – добродетелна иницијатива за децата со „бугарско потекло“ во Република Албанија.
Имено, според соопштението на бугарската амбасада, амбасадорот на Република Бугарија во Албанија, Момчил Рајчевски ги „израдуваа децата од бугарската заедница во Голо Брдо“ се вели во објавата во бугарската амбасада.
На 18 декември, на „Бугарчињата“ од Голо Брдо им биле поделени 300 пакетчиња, а на настанот присуствувале и претставници од општина Булкиза, кои очигледно немале проблем што одеднаш во Голо Брдо се појави „бугарска заедница“ која на пописите ја нема. А, со кого граничи таа бугарска заедница од Голо Брдо? Со бугарскиот народ од „Северна Македонија“ кој неколку децении се нарекувал „македонски“ но како што гледаме, тоа било само од заблуденост.
Патем, пред само два дена Зоран Заев изјави дека независно од се, тој и неговата партија имаат намера докрај да го спроведат Договорот кој, иронично, се нарекува за „добрососедство“’. Јасно е кон што цели тој договор, нели?
Инаку, во јануари годинава, бугарскиот амбАсадор заедно со домашниот градоначалник, открија Бугари и во Елбасан.