Во Италија, 8.014 пациенти се опоравиле во изминатите 24 часа, што е рекорден број за еден ден, соопшти Цивилната заштита. Вкупниот број на оние кои закрепнале е 93.245.

Во меѓувреме, стапката на заболени повторно се зголеми, со регистрирани 1.444 нови случаи вчера во однос на претходните 1.075. Вкупно, речиси 215.000 луѓе се заразени со Ковид-19.

И бројот на смртни случаи во изминатите 24 часа – 369 –  се зголеми во однос на претходниот ден кога бројот на жртвите беше 236. Вкупно, речиси 30.000 луѓе починаа во Италија.

Во моментот 1.333 пациенти се лекуваат на интензивна нега, додека околу 75.000 се под медицински надзор во домашна изолација.