Денес во населбата Поток во Велес беше организирана свадба, пишува порталот Велес денес.
До редакцијата на „Велес денес“ било испратено и видео од веселбата.
Државните здравствени власти препорачаа сите веселби да бидат откажани наредниов период, но за велешани ова денес не важеше. Веселбата беше по улиците низ Потокот, додава порталот.
Им посакуваме се најубаво на младите, но пред се е здравјето на граѓаните.