Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе смета дека е исправно да се подели наградата за најдобар стрелец на Лига 1 со Висам Бен Једер.
Двајцата имаа по 18 гола секој кога првенството беше прекинато, но раководството на лигата реши да му ја додели наградата на Мбапе бидејќи ги постигна сите свои голови од игра. Три од оние на напаѓачот на Монако се од пенали.
Сепак, sвездата на ПСЖ верува дека е фер и двајцата да добијат награди, како што се случи во Премиер лигата минатата година, кога Мохамед Салах, Садио Мане и Пјер-Емерик Обамејанг ја поделија наградата, откако ја завршија сезоната со 22 погодоци. .
– Благодарам за сите постови. Мислам дека Висам исто така заслужува награда, како што тоа го сторија во Премиер Лигата минатата сезона. Тој треба да биде награден за оваа година, напиша Мбапе на Твитер.
За Мбапе ова е втора последователна награда за најдобар стрелец на сезоната, откако во последната кампања запиша 29 гола на 29 натпревари.