Толку е големо бунилото во ВМРО-ДПМНЕ, што преку нелегални снимки ја водат нивната внетрапартиска пресметка, несвесни дека со тоа прават промоција на политиките на Зоран Заев и СДСМ, наведено е во соопштението на СДСМ, откако порталот „Инфомакс“ објави четири аудио-записи и тврди дека еден од соговорниците е Зоран Заев.

„Во аудио разговорите, претседателот Заев категорично потврдува дека не постојат разговори кои се дадени на никаков Чауш и на никој друг освен на СЈО. Разговорите потврдуваат дека граѓанскиот сектор е најсилниот поддржувач на правдата, на борбата против режимот и концептот едно општество за сите. Тоа се политиките кои ги поддржува граѓанскиот сектор, наспроти политиките на поделби, национализам и криминал и тоа е една од најголемите болки на режимското ДПМНЕ. Конечно, нелегално снимениот разговор покажува дека нема спас за криминалните тајкуни на ВМРО ДПМНЕ и дека одговорност за секој што го прекршил законот ќе има“, наведено е во соопштението на СДСМ.