Исклучително вознемирувачки и трагичен настан, кој подоцна во судските архиви беше заведен како „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“, напиша Оливер Спасовски на социјалните мрежи по повод пет години од „Диво Насеље“.

Тој потсети дека два дена Куманово и земјата го исчекуваа епилогот од вооружената пресметка во која загинаа осум припадници на Министерството за внатрешни работи.

Денеска се навршуваат 5 години од „Диво насеље“. Два дена Куманово и целата земја, во страв и неизвесност, го исчекуваа епилогот од вооружената пресметка во која животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ. Слава им!– напиша Спасовски.

Овој трагичен настан, додава, засекогаш ќе остане длабока траума за кумановци и за граѓаните на земјата.

Сигурен сум дека нарачателите имале подмолна намера, но присебноста на граѓаните не им дозволи да ја остварат, објави премиерот

МИА