Одбранбениот фудбалер на Барселона, Жерар Пике го сподели своето мислење за продолжување на сезоната. Рестартирањето може да се случи кон средината на јуни.
– Го разбирам интересот на лигата за завршување на сезоната, затоа што толку многу се работи. И покрај фактот дека сме лидери, би било многу грдо да се победи на овој начин. Поминавме многу време надвор од теренот, мора да имаме во предвид дека треба да бидеме подготвени за да избегнеме ризик од повреди. Неколкудневна обука нема да боли, изјави Пике.
После 27 кола, Барселона е лидер на табелата во Ла Лига со два бода предност пред Реал Мадрид.