Администрацијата на Барак Обама дала грант од 200 000 долара на група контролирана од „Ал Каеда“.
Парите биле дадени, иако луѓето на тогашниот американски претседател знаеле дека Агенцијата за исламска помош (Islamic Relief Agency – ISRA) се занимава со терористичка дејност, пишува британскиот ЕДејли меил.
Скандалозната финансиска инјекција била откриена од Блискоисточниот форум и за неа било соопштено преку „National Review”.
Агенцијата за исламска помош е основана во 2004 година за финасирање на терористичка дејност. Таа имала и докажани врски со Осама бин Ладен. Базирана е во Судан.
Сумата од 200 000 долари е дел од поголем дар, насочен кон евангелистичка добротворна организација во Судан. Целата сума изнесува 723 404 долари, а спорните 200 000 долари боле предвидени директно за ISRA.
Парите биле дадени на добротворната организација “World Vision”, за да се осигури хуманитарна помош.
Сумата е одобрена од Американската агенција за меѓународен развој која подоцна и наредува на “World Vision” да прекине било какви врски со исламската организација. Но, тоа се случило дури во 2014 година. Во февруари 2015 година добиле потврда дека
ISRA е на спискот на забранети организации.
Сепак, “World Vision“ му пишале писмо на Барак Обама со кое настојуваат да ги добијат парите и во мај им биле префрлени 125 000 долари. Добротворната организација аргументирала дека ISRA се заканувала дека ќе преземе некои мерки. А Американците стравувале дека може да бидат загрозени дејствијата на САД во Судан.
Потоа бил одобрен трансферот на парите за групата поврзана со Ал Каеда – но, не некоја мала и непозната оргнизација, туку голема меѓународна мрежа која често била присутна и во весниците, пишува “National Review”.
„Уште почудно е дека се инсистирало на трансферирање на најмалку 115 000 долари од грантот дури и откако се дознало дека парите ќе завршат на сметка на терористичка организација“, се додава во написот.
Од американската агенција за меѓународен развој истакнале дека оттогаш внимателно ги разгледуваат своите постапки и дека сето тоа се случило во времето на мандатот на Барак Обама.