Македонски железници Транспорт во врска со несреќата кај Велес денеска соопшти дека возот удрил во возило кое претходно паднало од регионалниот пат Велес-Градско по што возот запрел на лице место и машиновозачот го пријавил случајот кај надлежните.
– Возот со број 40762 кој сообраќал на релација Гевгелија Трубарево, во месноста помеѓу Згрополци и Велес, на километар 506+200, удрил во патничко моторно возило марка Рено, кое излетало од регионалниот пат Велес- Градско и паднало во колосек. Во тој период наидува горенаведениот воз и удира во патничкото моторно возило од левата страна од возната локомотива 443-002. Возот запрел на лице место, по што машиновозачот настанот веднаш го пријавил на машински оперативец и ТК диспечер, кои потоа несреќата ја пријавиле во ПС Велес, се наведува во соопштението.
На местото на несреќата пристигнале екипи на Службата за итна медицинска помош, противпожарната служба и Комисија за вонредни настани при МЖ Транспорт АД Скопје.
– Како бевме информирани, во возилото имало четири возрасни лица и малолетно дете од две години, велат од МЖ.