Уште еден функционер на СДСМ фатен во криминал, уште еден случај за кој што Обвинителството е затворено во пупката на Заев. Во овој хибриден режим, Јовески и Русковска реагираат само од немај-каде, кога случајот би излегол во јавност, а и во тој случај не секогаш предметите имаат завршница.

Ова денеска го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во продолжение целосното соопштение:

Во овој хибриден режим кој што прави компромиси со криминалот, информации и докази стојат во фиока и по неколку години, со што директно Обвинителството создава неправда.

ЈО се однесува како да е во директна спрега со Ден Дончев. Цела година знаеле за нелегалните приходи на Ден Дончев, а не презеле никакви дејства. И повторно требаше медиумите да објават за тоа да соопштат дека се води истрага за Дончев, пред речиси една година се стекнал со незаконски приходи од над 3 милиони денари.

Ден Дончев половина година примал пари од муртинската фирма „Ремаркет“, за консултантски услуги кои ги давал додека бил и директор на ФЗОМ. Тоа е спротивно на закон, спротивно на член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и земал пари од дејност која што не смеел да ја извршува во исто време додека директорувал со ФЗОМ.

Па зошто чекаше ЈО една година и зошто не отвораше истрага против Ден Дончев!?

Притоа Ден Дончев е омилениот играч на Заев, за кој што веќе има кривична и судски процес за случајот Рекет 2, обвинет за рекетирање и спречување на странски инвестиции во домашното здравство и спречување на поквалитетни здравствени услуги за граѓаните.

Дополнително ЈО треба да одговори зошто ги толерира и други афери за Дончев за кои што, како што пишуваат медиумите, имаат докази, а сепак истрага нема ни на повидок!?

Според информациите од медиумите Ден Дончев годишно преку посредници можеби земал над два милиони евра од компании и фирми кои што за да си ги земат парите од ФЗОМ морале да му исплатат процент!

Очекуваме ЈО да се оттргне од канџите на Заев и да почне да работи според законот и според дадените заклетви.

ЈО мора да отвори сериозна истрага за сите крими-афери на омилениот играч на Заев, Ден Дончев. Доколку сепак се одлучат да му слугуваат до крај на криминалецот од Муртино, правда ќе има со воспоставувањето на правната држава по изборите.

Со СДСМ и Заев, Македонија е оценета како хибриден режим, и добивме неспособност, криминал и сиромаштија.

ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ е за правна држава, без компромиси со криминалот, и за владеење на морален кодекс.

Новинарско прашање од МТВ: Од кои позиции ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ на утрешната лидерска средба, СДСМ ве обвинува дека бегате од избори. Кој термин за вас е најоптимален?

Новинарски прашања од АЛСАТ М: Со какви предлози за Избори ќе оди утре на лидерската средба ВМРО ДПМНЕ, кога речиси сите услови се исполнети, ДИК, Набљудување на ОДИХР и од Комисијата за Инфективни болести? Дали 21 јуни е прифатен датум за одржување на изборите за ВМРО ДПМНЕ?

Одговор: СДСМ го жртвува здравјето на граѓаните и сака нерегуларни избори со ниска излезност. Кои тоа услови ги исполнија од власта и кои тоа услови се исполнети за да може да има регуларни избори со тоа што власта и Зоран Заев донесоа срамен правилник за фејсбук избори, со тоа што ДИК вели дека им требаат најмалку педесетина дена подготовка а на владата тоа не и се допаѓа, со тоа што бројот на заболени од корона секојдневно расте дури и при исклучително мал број на тестови, затоа што Заев сака да лови во матно. Зоран Заев сака избори кои се можно организирано убиство на граѓани. Потребна е итна заштита на здравјето на граѓаните. Апсолутно треба да престане лицитацијата со датуми за избори, бидејќи тоа се игрите на Заев. Тоа не го прифаќаме. Потребно е дорасното однесување и сериозност во овие моменти. Државата не е заложник на Зоран Заев. Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе ги соопшти своите ставови и позиции кои ќе бидат првенствено во насока на заштита на здравјето на граѓаните на Република Македонија.