Најмалку 10 лица загинаа, а 40 се повредени, во земјотресот што утринава го погоди островот Ломбок во Индонезија.

Земјотресот бил со интензитет од 6,4 Рихтерови степени, а епицентарот бил на 50-ина километри од регионалниот главен град Матарам, јави новинската агенција ДПА.

Десетици куќи и згради се урнале или се оштетени. Ломбок е блиску до островот Бали, каде подолго време еруптира вулканот Агунг.