Словенечките власти почнуваат со составување на список на држави чии граѓани ќе можат да влегуваат во земјата, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Ова го најави портпаролот на Владата Јелко Кацин, кој кажа дека ова пред се се однесува на соседните земји. Според него отворањето на границите ќе биде постепено, а за кои држави ќе се однесува зависи пред се од моменталната епидемиолошка состојба таму.
Канцин кажа дека овој список ќе се менува во зависност на состојбата во државите, односно за некои ќе биде укината забраната, а доколку во некоја земја повторно се појават голем број заразени, нејзините граѓани нема да смеат да влезат во Словенија.
Во овој момент, словенечките граѓани пак, без добра причина односно работа или неодложни обврски, освен во Хрватска не смеат да патуваат во другите соседни земји.