Институтот за јавно здравје денеска регистрира 50 оздравени пациенти и тоа во: Скопје-16, Куманово-10, Прилеп-6, Тетово-15, Велес-1, Крива Паланка-1 и Валандово-1. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Скопје (78 г.) примен на 7 мај и пациент од Тетово (77 г.), на болничко лекување од 14 мај. Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 1.839, бројката на оздравени пациенти е 1.351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382. Последната дистрибуција по градови е:
•       Скопје – 636, активни 143
•       Куманово – 416, активни 21
•       Дебар – 51,
•       Штип-38, активни 4
•       Прилеп –202, активни 59
•       Тетово – 150, активни 66
•       Струга – 71, активни 5
•       Велес – 125, активни 53
•       Битола –27, активни 8
•       Охрид –21, активни 6
•       Кавадарци – 5,
•       Гостивар –20, активни 3
•       Гевгелија – 4,
•       Струмица – 2,
•       Крива Паланка- 6, активни 1
•       Радовиш – 4,
•       Крушево – 3,
•       Кочани – 31, активни 4
•       Пробиштип – 2,
•       Кичево – 2,
•       Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•       Демир Хисар – 1,
•       Македонски Брод – 2,
•       Пехчево- 3, активни 1
•       Делчево-1,
•       Валандово -1,
•       Виница – 2,
•       Кратово-2, активни 1
•       Берово-1, активни 1
•       Свети Николе-1, активни 1

Направени се 533 теста и тоа преку: ИЈЗ –256, Ветеринарен факултет -7, Авицена –12, Биотек -36, Клиника „Жан Митрев“ –61, Систина со PCR метода – 53 и МАНУ -108.  Досега во земјата се направени вкупно 22.255 тестирања на Ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се двајца нови пациенти, а хоспитализирани се 43 пациенти од кои двајца пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се осум нови пациенти, а хоспитализирани се 21 пациент. На респиратор се четворица пациенти, a со потешка клиничка слика се уште двајца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани седум пациенти, а на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица пациенти, и нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани  51 пациент, позитивни и сомнителни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.