Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (78г) примен на 7 мај и пациент од Тетово (77г), на болничко лекување од 14 мај.
Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 8, Штип 2, Прилеп 2, Тетово 3, Струга 1, Велес 4, Свети Николе 1 и Гостивар 1.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.839, бројката на оздравени пациенти е 1.351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382.
Последната дистрибуција по градови е:
- Скопје 636, активни 143
- Куманово 416, активни 21
- Дебар 51, активни 0
- Штип 38, активни 4
- Прилеп 202, активни 59
- Тетово 150, активни 66
- Струга 71, активни 5
- Велес 125, активни 53
- Битола 27, активни 8
- Охрид 21, активни 6
- Кавадарци 5, активни 0
- Гостивар 20, активни 3
- Гевгелија 4, активни 0
- Струмица 2, активни 0
- Крива Паланка 6, активни 1
- Радовиш 4, активни 0
- Крушево 3, активни 0
- Кочани 31, активни 4
- Пробиштип 2, активни 0
- Кичево 2, активни 0
- Неготино 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
- Демир Хисар 1, активни 0
- Македонски Брод 2, активни 0
- Пехчево 3, активни 1
- Делчево 1, активни 0
- Валандово 1, активни 0
- Виница 2, активни 0
- Кратово 2, активни 1
- Берово 1, активни 1
- Свети Николе 1, активни 1
Направените 533 теста се преку: ИЈЗ 256, Ветеринарен факултет 7, Авицена 12, Биотек 36, Филип Втори (Жан Митрев) 61, Систина со PCR метода 53 и МАНУ 108. Досега во земјата се направени вкупно 22.255 тестирања на КОВИД-19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на КОВИД-19 во Битола.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови, а вкупно хоспитализиран 21 пациент. На респиратор се 4, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.
На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 51 пациент, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.