Прашан за тоа како го коментира зголемувањето на процентот на заболени во последнава недела кога во однос на бројот на тестирања во просек имаме 10 проценти заболени, министерот Филипче нагласи дека кога се носат одлуки за попуштање на мерките не се земаат предвид само вкупниот број позитивни од направените тестови, туку и голем број други фактори.

-Тоа се седум/осум фактори, не е само процентот на новодијагностицирани пациенти и процентот на бројот на пациенти во болниците, бројот на слободни болнички кревети, бројот на слободни респираторни машини, бројот на пациенти на респираторна машина, бројот на пациенти во тешка клиничка слика, процентот од пациентите за кои знаеме кое е потеклото на болеста, односно како се заразиле и секако Р0 факторот. Бројни фактори што ги евалуира и СЗО. Тоа што ни укажува дека и покрај тој зголемен број новодијагностицирани, епидемијата ја имаме под контрола е што многу други параметри во многу други градови опаѓаат и вкупен број на заболени итн. Во таа смисла тоа се повеќе фактори кои се евалуираат и врз основа на кои се носат такви одлуки дали некои мерки ќе се попуштат, а ние согласно тоа го направивме и планот за попуштање на мерките по соодветните протоколи, рече Филипче.