Пратеникот на германските „Зелени“, Омид Нурипур, испратил писмено барање до Берлин во кое бара да се откријат поединости од состанокот на германската канцеларка Ангела Меркел со началникот на рускиот Генералштаб, генерал Валериј Герасимов, пишува Süddeutsche Zeitung.

Нурипур прашува зошто на рускиот генерал, кој е на листата на санкционирани лица од Русија, му бил дозволен влез во земјата и каква е користа од преговори со него.

Омид Нурипур, кој е стручњак за надворешна политика на „Зелените“ во Германија, во писменото барање состанокот на Меркел со Герасимов го нарекува „таен“ и бара да биде поајснето зошто вооптшто му бил дозволен влез во Германија.

„Берлин тоа мора да го објасни и заради тие кои не ги кршат санкциите“, вели Нурипур.

Состанокот на Меркел и министерот за надворешни работи Хајко Маас со Герасимов и министерот за надворешна политика на Русија, Сергеј Лавров привлекол големо внимание, посебно бидејќи германските власти, по состанокот, никого не информирале  за тоа.

За да му дозвли на началникот на рускиот Генералштаб да влезе во земјата, Берлин морал да покрене паневропска постапка на гласање. Од земјите членки на ЕУ, во таа смисла никој не вложил приговор. Се укажува на можноста на постигнување на некаков напредок во Сирија, пишува германскиот весник.

Состанокот бил организиран на иницијатива на Владимир Путин.

Нема сомнж дека тема на разговор била и Украбина, додава Süddeutsche Zeitung.