Собранискиот спикер Талат Џафери упати честитки по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
– Ви посакувам срдечни желби за личен напредок и колективно негување на нивната мисија и дела со кои направија епохално влијание врз описменувањето, развојот и културното издигнување на словенските народи, затоа што нивниот неуморен труд и придонес кој ги одбележал нивните животи, е значаен не само за Македонците, туку и за сите народи кои припаѓаат и ја негуваат словенската култура и јазици. Преку описменувањето и ширењето на нивното учење, тие овозможиле голем историски напредок и изградиле цела култура која и денес живее и се развива. Културите се белег на човечкиот род и затоа треба да се негуваат и почитуваат како богатство од непроценлива вредност кое насочено во позитивна насока, може да донесе само развој и напредок, се вели во честитката од Џафери.