ЧУЛЕВ: Управниот суд утврдил дека Владата незаконски ги поништувала моите одлуки

/ 27.05.2020

Владата незаконски ги поништувала одлуки донесени од страна на министерот за внатрешни рабори, Наќе Чулев. Ова го потврдил самиот Чулев во интервју за телевизија ТВ21. Според него, тоа вчера го потврдил и Управниот суд.

– Еден период сите мои одлуки беа поништувани од Владата, што беше крајно незаконски. Не само од Државната комисија за спречување на корупција, јас во текот на вчерашниот ден добив информација дека и Управниот суд решил предмети кои се во корист на МВР. Односно одлуки кои јас сум ги донел како решенија и правни акти, а биле поништени Владата, и Управниот суд донел одлука дека Владата постапила незаконски“, вели Чулев.

Чулев истакна дека, Државната комисија за спречување на корупција и Управниот суд се најрелевантни институции кои што потврдуваат дека тој работел согласно закон и додаде дека, со одлуките кои ти ги донесоа потврдуваат дека министерот за внатрешни работи, сите одлуки и правни акти кои што ги носел се согласно закон.


Од истата категорија