Криминогеното однесување на раководството на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е надополнето со притисоци, уцени, закани, тензија и мобинг на вработените. Агенцијата која треба да биде пример во соработката на Македонија со Европската унија, затоа што е одговорна за распределување на европските фондови во образованието, младите и спортот, станува пример за коруптивно, недомаќинско и незаконско однесување. Директорката на агенцијата, Лидија Димова ги потврди наводите на ВМРО-ДПМНЕ за три аспекти – дека навреме не била поднесена годишна сметка, што е казнив прекршок, дека недостасуваат пари во благајната на Националната агенција и дека набавиле возила во вредност од околу 100.000 евра, реагира Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продоложение на прес конференцијата, Андоновски истакна:
Затоа, ги повикуваме Основното јавно обинителство во Скопје, како и обвинителството за организиран криминал и корупција да ги истражат наводите, и да расчистат кој е одговорен за настанатата ситуација која не срами пред европските институции.
Во врска со тоа дека во Агенцијата недостасуваат пари на граѓаните на Република Македонија и на граѓаните на Европската унија, има три алтернативи:
Првата, е дека Лидија Димова не знаела дека лица за кои се смета дека се нејзина „десна рака“ неовластено земале пари од институционалната благајна без покритие. Што, како одоговорно лице, најмалку ја прави небрежна во работењето.
Или можеби Лидија Димова знаела дека нејзината „десна рака“ неовластено зема пари и се обидувала да ја сокрие состојбата? Ова ја прави Димова соучесник.
И третата алтернатива, Лидија Димова учествувала во неовластеното трошење на парите од институционалната благајна, со ова дали станува Лидија Димова соизвршител?
Не би сакале да веруваме, дека Лидија Димова, познатиот шарен револуционер за правда, сега станува соизвршител во вакви кривични дела. Но, тоа треба да го покажат обвинителството, Државната комисија за спречување на корупција, како и другите надлежни органи.
Покрај дводневните лични дисквалификации и навреди кон ВМРО-ДПМНЕ, Димова не одговори дали возилата од 100.000 евра се употребувале за лични потреби? И дали дел од овие возила се сериозно оштетени, затоа што се несоодветно користени во ноќни часови од лица блиски на Лидија Димова?
Наместо Димова да се заканува, отвора дисциплински постапки и неосновано да доделува откази на вработени во Националната агенција, нека соработува со институциите за да го расчисти срамот во кој ја втурна Националната агенција за европски образовни програми. Вработените, исплашени од нерешавањето на објавените скандали минатата година, не веруваат во заштитните механизми на Националната агенција и затоа пријавиле до сите надлежни институции преку емаил. Лагите на Лидија Димова се прочитани!
На крајот, затоа што Димова не е подготвена на личен морален чин на оставка, бараме од Управниот одбор на Националната агенција, кој е информиран веќе подолго време за незаконитото работење на агенцијата, да ја разреши од функцијата. Тука во игра стапува членот 17 од Законот за Националната агенција кој вели дека Управниот одбор може да го разреши Директорот и ако се утврдат сериозни неправилности во неговото материјално-финансиско работење поради што е нанесена штета на Националната агенција.“