Вицепремиерот Бујар Османи смета дека отворањето на џамиите за верниците не е причината за зголемениот број на заразени од коронавирус во Македонија.

– Иако не бев за рано отворање на верските објекти, сметам дека зголемувањето на бројот не е поради отворањето на џамиите и враќање на животот во некаква нормала според протоколите, но токму поради непочитувањето на мерките за заштита и игнорирањето на опасноста лично од граѓаните. Да се однесуваме сите како да сме позитивни, и како секој околу нас да е позитивен, вели Османи.

Тој во подолгото обраќање преку Фејсбук, покрај другото, објавува:

– Слушам многу шпекулации за улогата од секој од нас во време на пандемија, посебно, конформизмот на политичарите спроти верските заедници. Еве една објективна хронологија на мојата улога, објави Османи на својот профил на Фејсбук.