Словенија и Црна Гора се двете земји од регионот кои ја зауздаа епидемијата и го победија коронавирусот.

Црна Гора веќе 28 дена нема ниту еден заразен со коронавирус.  Институтот за јавно здравје соопшти дека од вчерашниот пресек анализирани се 86 примероци за коронавирусот.

– Бројот на активни случаи останува нула, соопштуваат од ИЈЗ на оваа земја.

Во Црна Гора од почетокот на епидемијата регистрирани се 324 случаи на заразени, оздравеа 315, а 9 починаа. Премиерот Душко Марковиќ на 25 мај објави дека не се регистрирани потврдени случаи. Црна Гора планира утре да се прогласи за ослободена од коронавирус според упатствата утврдени од Светската здравствена организација.

Словенија веќе го стори тоа. Иако епидемијата во Словенија е прогласена за завршена, можноста за втор бран на заразата и понатаму е опасност, па на граѓаните им се препорачува секогаш и секаде да ги почитуваат препораките.

Во Македонија, пак, денеска се регистрирани 7 починати и 89 новозаразени лица.