Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 јуни.

Денеска е Духовден – Слегување на Духот Свети.

Овој празник се смета за роденден на Христовата црква. Имено, пред вознесението Христос им порача на апостолите да останат во Ерусалим и да го чекаат слегувањето на Духот-Утешител. На десеттиот ден од Христовото вознесение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а овие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици.

Тоа е конкретниот настан. Но, за црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време па се до денес не ја напушта црквата. Духот е критериум за се што се случува во црквата и на општ и на личен план. Во таа смисла, Духот од оној ден во Ерусалим непрестано слегува врз црквата на Литургијата, во молитвите, во сите дела.

Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР:

Денеска е Св. Јосип Кафасо.

Бил роден во 1811 година, во Пиемонте, Италија. Како свештеник бил исповедник на свети Иван Боско, кој за него рекол „Нему му должам се. Тој ми беше советник и помошник“. Свети Јосип умрел во 1860 година.