Малта се согласи да прими околу 400 мигранти кои со недели се наоѓаат на бродовите што се  наоѓаат во непосредна близина на нејзиниот брег, чекајќи го исходот од преговорите со земјите од Европската унија за нивно прифаќање.

Малтешката Влада соопшти дека се уште се обидува да преговара за преместување на мигрантите во други европски земји, но одлучи да им дозволи да се истоварат на брегот, бидејќи ситуацијата на бродовите станала многу тешка.

Мигрантите веќе неколку недели се наоѓаа на четири бродови пред територијалните води на Малта, откако беа спасени од различни бродови на шверрцери со луѓе во Средоземното Море, пренесуваат американските медиуми.

Малта ги затвори своите пристаништа поради епидемијата на коронавирусот, но упати бродови за мигрантите чекајќи другите членки на ЕУ да им се придружат и да ги примат.

Франција се согласи да прими некои од нив, но не кажа колку, очекувајќи Европската комисија да ја организира нивната распределба меѓу членките на Унијата.