Институтот за јавно здравје на Црна Гора ќе испрати барање за појаснување до колегите од Србија, откако беа објавени информациите дека во земјата над 4.000 пациенти со коронавирус биле излекувани во еден ден.
Според порталот Антена М, оваа информација предизвикала неверување во Црна Гора, бидејќи претходно за два месеци биле излекувани околу 6.000 заразени лица.
Тој додаде дека институтот побарал појаснување, бидејќи тие статистики директно ја засегаат и Црна Гора, затоа што од тоа зависи отворањето на границата со Србија.
Сепак, од Институтот најавуваат дека во наредниот период можеби ќе биде променета методологијата за утврдување на критериумите за отворање на границите.
Бројот на излекувани пациенти од коронавирус во Србија се зголеми за нешто повеќе од 4.000 за само еден ден, што предизвика многу сомнежи, а заменик-директорката на Институтот „Батут “, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, одговори дека нема никакви непрофесионални или немедицински причини за тоа.
Причината, според докторката Кисиќ Тепавчевиќ, е новото рекласифицирање на позитивните на вирусот.
Таа вели дека на седница на Кризниот штаб во петокот е донесена одлука да се „релаксира“ досегашниот „строг“ пристап кон надзорот на Ковид-19. На Интернет страницата covid19.rs, во петокот беше објавено дека бројот на излекувани изнесува 6.931, додека еден ден подоцна тој број беше 11.056.