Фудбалерите на Севиља славеа победа со 2:0 против тимот на Бетис синоќа на својот терен во натпревар од 28-то коло од шампионатот на Шпанија.

Првото полувреме мина без голови, а по паузата, најпрво од пенал Лукас Окампос го отвори резултатот, а неколку минути подоцна, Фернандо Ригес ја удвои предноста на домаќините.

Ова беше прв натпревар во Ла Лига по продолжението на сезоната, прекинат поради коронавирус. Средбата која воедно е и градско дерби се одигра без публика.

Вечер играат: Гранада – Хетафе и Валенсија – Леванте.