Пет медицински сестри од Велес, Минела Ончева, Павлина Петровска, Силвана Давчевска, Даниела Христова и Лорета Најдова, вработени во ЈЗУ Специјална Болница за белодробни заболувања и туберкулоза Јасеново, утре заминуваат на работа во Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, објави Велес Денес“.
Тие се испратени како помош на барање од Министерството за здравство.
Недостиг на медицински персонал се чувствува и во Ковид центарот на ГОБ „8 Септември“ Скопје. По новиот наплив на пациенти, сега и 15 медицински работници се позитивни на вирусот, па наместо на работа, мора да останат дома.
Меѓу нив, двајца доктори, анестезиолог и интернист. Медицинскиот персонал алармира оти условите за работа се отежнати, персоналот е намален, а капацитетите на болницата речиси исполнети.