Народот во Македонија доживува најцрни рекорди во пандемијата со коронавирусот, а Владата и техничкиот премиер Оливер Спасовски пропагираат туризам и угостителство.
– Ваучери за домашен туризам во вредност од 6.000 денари ќе добијат 117.122 граѓани – мерка која има за цел да го заживее домашниот туристички сектор преку зајакнување на куповната моќ на граѓаните, кои покрај ваучерите за домашен туризам, добиваат и платежна картичка од 3.000 денари за купување домашни производи и услуги, објави Спасовски на својот Фејсбук профил.
Пред избори Владата на СДСМ многу се загрижи за развојот на домашниот туризам и за летувањето на граѓаните.