Под сомнение за присуство на коронавирус германската полиција на граничните премини одбила да им дозволи влез во земјата на 196.000 лица, објави вчера „Билд ам Сонтаг“, пред денешното укинување на здравствените контроли на патниците на границата.
Бројот на одбиени влегувања се однесува на периодот до 11 јуни, изјави германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер за „Билд ам Сонтаг“.
Тој кажа дека граничните контроли се спроведуваат од 16 март, кога тие беа привремено воведени, а досега ги извршиле 6.000 полицајци.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека досега 122 полицајци биле заразени.
Германија денеска треба да ги укине граничните контроли наметнати поради пандемијата на Ковид-19.