НИКОЛОСКИ: Обезбедивме добри протоколи за безбедно гласање и масовна излезност

/ 16.06.2020

Мислам дека имаме добар договор и протоколи кои што ќе го заштитат здравјето на граѓаните и во таа насока е и кампањата кон заштита на здравјето на граѓаните со цел да овозможи масовна излезност на изборите на 15 јули, суштински ни е битно да излезат што повеќе граѓани да гласаат затоа што и во Европа и во Светото има вирус, но за жал Македонија има зафатено уште поголем вирус, тоа е вирусот на Зоран Заев кој што економски ја опустоши Македонија и национално ја обезличи и мораме тој вирус да го победиме на 15 јули за потоа заеднички да го враќаме македонското национално достоинство, да ја обновуваме Македонија економски, а секако да се избориме и со корона вирусот, бидејќи оваа власт покажа дека е целосно неспособна во битката со корона вирусот, вели Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4, Александaр Николоски во интервју за дневникот на ТВ Сител.

Според Николоски потребно е после изборите добро организирање на здравствениот систем како и на сите институции кои што се вклучени во борба со корона вирусот.

-Имаме една стихија во која што не се почитуваат ниту едни правила, не се почитуваат протоколите кои што самите ги носат и затоа што поголем број на луѓе се заболени и ги губат своите животи. Тоа е нешто за што мораме да ставиме точка после изборите со една добра организација на здравствениот систем и на сите институции поврзани со битката со корона вирусот, додаде тој.

Во однос на изборниот процес, Николоски рече дека се изминатиот период успеале да договорат добри протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, како и дека се надева на голема излезност на граѓаните на 15 јули се со цел казнување на вирусот Заев.

-Се надевам на масовна излезеност на 15 јули која што ќе го казни вирусот Заев а таа излезност ќе може да гарантира на секому дека ќе има промени во Македонија, а во исто време протоколите што успеавме да ги договориме изминатиот период ќе го гарантираат здравјето на сите граѓани кои што ќе гласаат, без разлика дали дома или на гласачките места, нагласи Николоски.


Од истата категорија