Коце ТРАЈАНОВСКИ
Во последната емисија на господинот Васко Ефтов од неговиот соговорник бев обвинет дека без јавна набавка сум склучил договор на 500 000 евра и сум ги исплатил на компанија за надзор на градежни објекти.
1. За постоечкиот договор постои јавна набавка која може да ја погледнете во електронскиот систем
2. Лага е дека се работи за 500 000 евра и согласно приложениот документ се гледа дека сумата е намалена на електронска аукција за 61 отсто. Како би се намалила ако немало јавна набавка?
3. Додека бев градоначалник немам исплатено ниту денар на оваа компанија.
4. Овие обвинувања имаат за цел да ја дефокусираат јавноста од вистинските проблеми на Република Македонија.