Австралија е цел на кибер напад на „државен актер“, насочен кон владата, администрацијата и корпоративните информативни системи, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон на прес-конференција во Канбера, пренесоа светските агенции.

Морисон посочи дека цел се „широк спектар организации“.

-Целта на нападот се организации од сите нивоа на владата и економијата, политичките организации, здравствените услуги, рече австралискиот премиер.

Тој не го идентификуваше државниот актер и не посочи технички детали, но, исто така, кажа и дека нема голема кражба на лични податоци.

-Нападите траат со месеци, но сега се интензивирани, рече тој.