Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потврди денеска дека неговата мајка е позитивна на коронавирусот, јави Телма.
Мицкоски посочи и дека тој немал контакт со неа и таа е изолирана во нејзиниот дом.
Затоа Мицкоски потврди и дека нема да ги паузира своите активности, оценувајќи дека нема опасност тој да е заразен со коронавирусот.