Во овој преткампањски период сме тука во Струмица да го посетиме штандот на ВМРО-ДПМНЕ кој што го имаме тука, имаме уште еден штанд и во другиот дел на градот и во останатите населени места, изјави денеска од Струмица Александар Николоски.

Преку деловите од програмата кои што ги имаме, како и ветените, а нереализирани ветувања на актуелната власт, сакаме да ги запознаеме граѓаните со актуелностите во државата. Всушност за тоа и не треба многу да информираме или да се обидуваме на било кој начин пропагандно да го правиме тоа, затоа што тоа се гледа. Доаѓајќи наваму кон Струмица, јасно се гледа како стои магистралниот пат кој што требаше да го продолжи автопатот кој што завршува во Штип, и од Штип да продолжи надолу кон Радовиш и од Радовиш кон Струмица. За жал 3 години стои, тоа е едно огромно нереализирано ветување, како што има десетици други нереализирани ветувања во целиот овој регион.

За жал четвртата изборна единица е еден показател на најголем број на нереализирани проекти, од она што беше ветено пред 4 години како т.н. План за живот, а кој што стана План за измами, за богатење и за корупција.

Ние работиме на една програма која што ја работат најдобрите експерти во Македонија од сите области и која што програма ќе даде одговори на најгорливите прашања на граѓаните. Сериозен развој на целиот овој регион, брз економски развој и брз инфраструктурен развој е нешто што ќе го гледаме во следните 4 години.