Очајот на власта во заминување на дело! Насилнички три години владеат, насилнички се обидуваат да останат на власт! Ниту една закана, ниту напад нема да не поколеба. Нападот врз семејниот имот на Владо Мисајловски не прави само помотивирани сите да ве пратиме на темните страни на историјата и да одговарате за сите злодела. Одговорност ќе има, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на Фејсбук.
Владо, брат, поддршка и заедно ќе ја направиме Македонија функционална правна држава во која ќе има ред и во која чесните ќе работат, а криминалците ќе одговараат!