Ова е ракцијата на градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. Како што можете да видите на погорната фотографија, нејзиниот премиер и шеф Оливер Спасовски дели маски без дистанца во Куманово, а маските и да се ставени во некој најлон, претходно се фаќани со рака, нели? Или сака да каже дека овие се фабрички спакувани во некоја лабораторија во која владеат услови како во операциона сала? Кој гарантира дека на нив нема вирус? Но, тоа се кумановски маски, ги дели Спасовски од Ковид 19 кластерот викан СДСМ, а тоа по дефиниција значи безбедност.
Но, реакцијата на Петровска не се однесува на Спасовски. Таа се однесува на денешното делење маски од страна Наќе Чулев во Битола, на начин што таа го опишува. Инаку, Петровска изгледа не знае дека маски на сличен начин се продаваат и во аптеки, на пример Зегин, оние од 22 денари, но работата е во тоа што како и да ја купите или добиете маската (спакувана или не), прво треба да ја испрскате со алкохол, па потоа да ја употребите. И таа на Чулев и таа н нејзиниот Спасовски за чие постапување Наташа молчеше.
Патем, за информација на Петровска, во други држави, премиери и министри за внатрешни работи не делат маски. Во Словенија тоа го рпави тамошната служба за цивилна заштита, а премирот и министрите ги обезбедуваат маските. Што мисли, зошто во Македонија е вака?