Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, во предизборен занес говори за постигнатите резултати во Охрид:

– По речиси 60 години незакована шајка денес можеме да видиме како изгледа комплетно реновирано и реконструирано училиште и спортска сала реновирана по европски стандарди. Новата спортска сала на ЕМУЦ “Св. Наум Охридски” во Охрид е инвестиција во вредност од 22,6 милиони денари, објави Шекеринска на Фејсбук.

Дека предизборната пропаганда, и на Шекеринска, е пуштена на најсилно, говори податокот дека претходната власт од темел изгради стотици и реновира постоечки сали низ Република Македонија. Но, шајката на Шекеринска е поважна од стотиците „режимски сали“.