Актуелниот италијански шампион Јувентус синоќа ја победи Болоња на гостински терен со 2:0 во натпревар од 27. коло.

За двете екипи ова беше прва средба во Серија А по продолжувањето на сезоната.

Поради коронавирусот, натпреварот се одигра без публика.

Стрелци на головите беа Кристијано Роналдо од пенал и Пауло Дибала, двата во првото полувреме.

Јувентус со 66 бода е лидер на табелата во Серија А, Болоња е 10-та со 34 бода.