Српскиот тренер Желимир Обрадовиќ повеќе не е тренер на Фенербахче. Турскиот клуб оваа информација ја објави на својата официјалната веб-страница.

Шеесетгодишниот кошаркарски стручњак го водеше клубот од Истанбул од 2013 година.

Пред три години Фенербахче под водство на Обрадовиќ ја освои шампионската титула во Евролигата.