Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Ејвори Бредли, одби да учествува во продолжувањето на сезоната 2019/20 во НБА.
– Јас сум лојален на моите соиграчи и партнери на Лејкерс, но на крај играм кошарка за моето семејство. ОД тој аспект, не можам да замислам дека донесов одлука што може да го загрози здравјето на моето семејство и на пријателите, изјави Бредли.
Шестгодишниот син на кошаркар, Лиам, имал проблеми со респираторни заболувања, поради тоа не можел да биде со неговиот татко и семејството на кампусот во Орландо, каде е планирано да се преселат сите играчи кои ќе учествуваат во продолжување на сезоната во НБА.