Што да кажам, уште еден шпицен кандидат. Немаме ништо против човекот, но верувам дека неговото учество во вака уценувачка понуда не е соодветно. Тој за 20 дена не може да го реформира ДУИ, на ДУИ му треба поминување во опозиција четири години за да може да се реформира да биде добра партија.

Ова го истакна лидерот на СДСМ и носител на листата на Коалицијата „Можеме” во изборната единица број 4, Зоран Заев, вечерва на граѓанска трибина во Струмица,  зборувајќи за предлогот на ДУИ Насер Зибери да биде кандидат за премиер.

Верувам, додаде Заев, дека ова е само политика и политиканство затоа што мандатот на крајот на денот го даваат граѓаните.

-Тие бираат личност, кадар посветен, што тоа го докажал досега и верувам дека на 15 јули граѓаните преку својот глас ќе определат кој ќе биде идниот премиер на македонската Влада, истакна Заев.