Игор Дурловски, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5, токму од Охрид најави дека започнува борбата против апатијата, походот кон обновување на вредностите.
– Овие избори се референдум за иднината на Македонија. Тие се шанса да им кажеме на Заев, Шеќеринска, Димитров и СДС што мислиме за се што направија досега. Македонија го доживеа своето најголемо национално предавство. Три години бевме сведоци на распродавање на државата, на историски реконструкции на нашата меморија, на негации и уцени… – рече
Дурловски, најавувајќи дека после рекетот, реваншизмот, коруптивните скандали, нефункционалниот здравствен систем, опустошената економија граѓаните се пред шанса да одберат промени, со забелешка дека проблемите не може да ги решава оној што ги создал.
Тој најави дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ е предвидено завршување на автопатот Охрид – Кичево, нови авионски линии што ќе го поврзат Охрид со светот, магистрален гасовод Битола – Ресен – Охрид – Струга, сет мерки за развој на туризмот, нов театар во градот, проекти со долгорочна визија